
Лошата серија на Синсинати Редс продолжи и синоќа со петтиот пораз на последните шест натпревари.
Имено, ,,Црвените” загубија од Њујорк Метс со 0-7, односно не успеаја да постигнат ниеден поен по третпат во последните дванаесет дена.
Сите седум поени на Метс беа постигнати во вториот, во третиот и во петтиот ининг после три хоум-рани (сингл, дабл и грен-слем).
Најпрво, Џонатан Виљар ја искачи топката на трибините, а по него, грен-слем запиша Доминик Смит, додека на базите стоеја Брендон Нимо, Џеф МекНил и Пит Алонсо.
Конечниот резултат го постави Луис Гиљорме со својот прв хоум-ран во сезоната, а четири бази освои Томас Нидо.
Со седум страјк-аути во осум ининзи и со само една допуштена база во истиот интервал, одличен на фрлачката позиција за Метс беше Маркус Строман.
На табелата на Националната лига, Метс (50-43) ја држат петтата, а Редс (49-47) – шестата позиција.