
Официјално, во декември 2018, челниците на НХЛ одобрија да се воведе 32. екипа во најквалитетната хокеарска лига во светот со тоа што го дозволија формирањето на Сиетл Кракен.
Кракен ќе биде првиот професионален клуб од Сиетл после Сиетл Тотемс, кои се распаднаа во 1975 и прв што се натпреварувал во НХЛ после Сиетл Метрополитанс (1924).
Своите домашни натпревари, Кракен ќе ги играат во ,,Климат Плеџ Арена”, предводени од тренерот Дејв Хекстол.
Новиот клуб ќе дебитира во НХЛ на 23 октомври 2021 против Ванкувер Кенакс, кој воедно ќе му биде и географски најблизок ривал (230 км).
Откако беа утврдени сите детали, на Кракен им претстоеше само да ги изберат своите хокеари.
Овој чин се случи синоќа со организирањето на вонсезонски драфт за првпат после 2017, кога истата активност го одреди почетниот состав на Вегас Голден Најтс.
Во продолжение ќе можете да ги видите сите играчи, кои ќе го носат дресот на Сиетл во дебитантската НХЛ сезона: