Натпреварот помеѓу ЛА Доџерс и Колорадо Рокис беше означен со две случувања.
Пред самиот почеток, му беше оддадена почит на Коби Брајант, кој на вчерашен ден ќе наполнеше четириесет и две години.
Втората работа е склопот од десетте хоум-рани (седум за Доџерс и три за Рокис) и конечниот резултат од 11-3 во корист на тимот од Лос Анџелес.
За Рокис поентираа Тревор Стори, Рајан МекМен и Сем Хилијард.
Од друга страна, за Доџерс, поентери беа: Кори Сигер, Муки Бетс (х2), Енрике Хернандез, Коди Белинџер, Вил Смит и Макс Манси.
Интересен е фактот дека, за Белинџер, ова беше дваесет и четврти удар сезонава што го доведе до осмиот хоум-ран. Токму овие два броеви ги носеше на дресот Коби Брајант во неговата НБА кариера, а Белинџер дојде до нив токму на роденденот на поранешниот кошаркар.



