Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски ја продолжува својата кариера во лулката на кошарката САД и ќе настапува во елитната НЦЦА универзитска лига за тимот на Вашингтон.
Младиот сениорски репрезентативец преселбата во САД ја обзнани денеска преку својот фејсбук профил.
„Премногу сум возбуден што ќе бидам дел од кошаркарскиот дел на Вашингтон Стејт во наредната сезона. Јас едвај чекам да започнам ново, возбудливо поглавје во мојот живот и кошаркарската кариера. Пред мене има многу пречки што ќе треба да ги прескокнам. Но со напорна работа и посветеност, се надевам дека ќе имам неверојатно време да играм кошарка за Вашингтон Стејт.
Би сакал да му се заблагодарам на тренерот Смит и на неговиот тренерски персонал за можноста што ми ја даде да се градам како личност, спортист и студент. Силно верувам дека ја донесов вистинската одлука официјално да станам дел од тимот.
Се гледаме наскоро!! #GoCougs“, напиша Јакимовски.