Тампа Беј Лајтнинг и Бостон Бруинс, синоќа го одиграа првиот натпревар од меѓусебната четврт-финална серија.
Бруинс запишаа победа од 2-3 и поведоа со 1-0 во вкупниот резултат.
Имено, Бостон стекна предност од 0-3 на почетокот на третата третина што накрај се покажа како недостижна. Стрелци за тимот од Бостон беа Чарли Којл, Давид Пастрнак и Бред Маршан.
До крајот, Тампа Беј само успеа да го намали својот дефицит преку двата гола на Виктор Хедман.



