Синоќа, екипата на Питсбург Пенгуинс дојде до четвртиот триумф во низа, откако ги совлада Бостон Бруинс со 1-0.
Натпреварот беше проследен со фер игра и со само едно исклучување, кога Патрис Бержерон ги остави Бруинс со играч помалку во последните деведесет секунди.
Стрелец на единствениот погодок беше Џејк Гинцел во петтата минута од третата третина.
Освен Американецот, важен елемент во победата на ,,Пингвините” беше голманот Тристан Џари, кој со 30/30 одбранети удари дојде до првиот овосезонски шут-аут.
На табелата на Источната дивизија, Питсбург симболично го одбележа интернационалниот ден на пингвините со останување на првото место, додека Бостон ја зазема четвртата позиција.
📸 Joe Sargent/NHLI via Getty Images



