Синоќа, за првпат после 23 март 2019, Шарлот Хорнетс славеа над Бостон Селтикс со резултат од 124-117.
На мечот, Селтикс поведоа само со 0-2, а во останатиот дел од мечот ја бркаа негативата, особено во четвртата четвртина што Шарлот ја доби со 25-16.
Најефикасен кошаркар на паркетот беше Девонте Греам од Шарлот со 24 кошеви.
Од неговите соиграчи, дабл-дабл запишаа Пи Џеј Вашингтон (22 поени и 12 скокови), Тери Розиер (21 поен и 11 асистенции) и Коди Мартин (13 поени и 10 скокови).
Од противничкиот табор, две двоцифрени статистики имаше Џејсон Тејтум (19 кошеви и 11 скокови), а најпрецизни, со по 20 поени, беа Џејлен Браун и Кемба Вокер.
На табелата на Источната конференција, Бостон (32-29) го зазема шестото, а Шарлот (30-30) – осмото место.
📸 Brock Williams-Smith/NBAE via Getty Images



