Минатогодишните полуфиналисти, Атланта Брејвс, синоќа, на домашен терен, беа потполно надиграни од Аризона Дајамондбекс во првиот од двата последователни натпревари.
Имено, гостите од Феникс триумфираа со 0-5, откако освоија поени во вториот, во третиот и во петтиот ининг.
Од удирачите на Аризона, хоум-ран забележаа Стивен Вогт и Кол Калоун (заедно со уште еден поен), а по четири бази освоија Џош ВанМетер и Павин Смит.
Освен поентерите, Дајамондбекс имаа уште еден ас во својот ракав.
Станува збор за фрлачот Зек Гален, кој допушти само една база за седум ининзи, а притоа забележа и шест страјк-аути.
Непосредно по првиот дуел, Аризона (10-11) го заземаше деветтото место во Националната лига, потиснувајќи ги Брејвс (9-11) на единаесеттата позиција.
📸 Todd Kirkland/Getty Images