По серијата од пет врзани порази, Филаделфија Филис се вратија на победничките патеки.
Имено, синоќа, претставниците на Пенсилванија славеа над Вашингтон Нешоналс со 1-5.
После шест ининзи, Филис водеа со 0-3, а во двата последни периоди, двете екипи поентираа уште вкупно трипати.
Единствен играч што предизвика промена на семафорот за домашниот состав беше Алекс Кол по ударот на Луис Гарсија.
На спротивната страна, поени постигнаа Рајс Хоскинс, Брендон Марш, Ник Кастељанос, Жан Сегура и Брајсон Стот.
Во Националната лига, Филаделфија (84-72) остана во плејоф-зоната на шестото место, додека Вашингтон (54-102) се наоѓа на самото дно.