
На третиот меѓусебен дуел во историјата, Сиетл Кракен ја запишаа првата победа над ЛА Кингс, откако синоќа ги совладаа со 1-6.
После само четиринаесет секунди, Александер Венберг погоди за Сиетл, а пет минути подоцна, Артур Калијев израмни на 1-1.
До крајот, Сиетл пружи подобра игра и ја затресе мрежата на Калвин Петерсен уште пет пати.
На натпреварот, голгетери за Кракен, со исклучок на Венберг, беа уште Адам Ларсон, Виктор Раск, Џордан Еберле, Џеред МекКен и Даниел Спронг.
Во Западната конференција, Кингс го заземаат петтото место, додека Сиетл ги прескокна Аризона Којотес и изби на претпоследната позиција.