
Мемфис Гризлис ја запишаа деветтата победа на последните десет средби, совладувајќи ги Голден Стејт Вориорс со 123-95.
Вориорс беа конкурентни само во првата четвртина, а Гризлис се одделија во вториот квартал, кој го добија со 43-21.
И во двете екипи недостасуваа најголемите асови, односно Џа Морант (Мемфис) и Стеф Кари (Голден Стејт).
Во нивно отсуство, кај победниците, најефикасни беа Десмонд Бејн со 22, односно Дилон Брукс и Де’Ентони Мелтон со по 21 поен.
Од противничкиот табор, Мосес Муди уфрли 18 кошеви, а уште 25 додаде Џордан Пул.
На табелата на Западната конференција, Мемфис (53-23) го држи второто, а Голден Стејт (48-28) – третото место.