
Првиот меч од 16. коло од тековната НРЛ сезона беше реприза на финалето од 2018, но со драстично поинаков исход.
Имено, денес, актуелните шампиони, Мелбурн Сторм, во потполност ги надиграа Сиднеј Рустерс со резултат од 0-46.
Рагбистите на Сторм го доминираа секој метар од теренот и постигнаа пет есеи во првото и три во второто полувреме.
Ничо Хајнс беше најефикасен играч на теренот со едно полагање (24′), со еден погоден пенал и со 6/8 прецизни конверзии.
Освен него, во листата на поентерите се запишаа уште: Џош Адо-Кар (5′, 36′, 46′), Дејл Финукејн (28′), Кенет Бромвич (30′), Камерон Манстер (58′) и Брендон Смит (70′).
Со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Мелбурн изби на првото, додека Сиднеј остана на петтото место.