
Во рамките на 16. коло од тековната АФЛ сезона, Голд Коуст Санс успеаја да ги совладаат Ричмонд Тигерс за првпат после 15 март 2014.
Имено, Тигерс важеа за огромни фаворити, но сепак загубија од номиналните аутсајдери со (10.17) 77-67 (10.7).
Во текот на мечот, Санс покажаа подобра игра, но сепак Ричмонд поведе кон средината на последниот квартал со 62-67.
Оттогаш, актуелните шампиони не постигнаа ниту еден поен, додека фудбалерите на Голд Коуст направија триумфална серија од 15-0.
Поранешниот напаѓач на Голд Коуст, Том Линч, овој пат беше одговорен речиси за половина од сите поени на Ричмонд, откако имаше учинок од (5.2).
На спротивната страна, Бен Кинг беше најефикасен со 25 поени (4.1), а по него следуваше Бен Еинсворт (1.4).
Благодарение на еден од најголемите подвизи на векот, Санс скокнаа до четиринаесеттата позиција на табелата, додека Ричмонд е осми, но со трите порази во низа ги искомплицира своите шанси за плејоф.