Пикерот Милан Лазаревски (24) го продолжи договорот со Металург за уште една сезона.
На Лазаревски Металург му е матичен клуб и тука тој ја мина сета своја досегашна кариера. Беше дел од сите селекции на Металург, а во последните неколку сезони настапува за нашиот прв тим.
Лазаревски е трет ракометар кој ја продолжи соработката, по искусните Златко Хорват и Даниел Дупјачанец. Покрај нив, Металург потпиша и три нови засилувања: Костадин Петров и браќата Кевин и Оливие Њокас.