
Пред само еден ден, Сибир Новосибирск го совлада Амур Хабаровск со минимални 0-1 во рамките на неделната КХЛ програма.
Денес, ,,Тигрите” имаа шанса за возвраќање на ударот, но беа повторно поразени со конечни 2-3 после пенали.
Во текот на првите две третини, Сибир стекна предност од 0-2 со головите на Александер Шаров и на Олег Ли.
Во третиот период, Руслан Педан намали на 1-2, а продолжение за Амур избори Радан Ленц на 23 секунди пред крајот.
Сепак, во пенал-серијата, сите домашни хокеари беа непрецизни, додека, од гостинскиот состав, погоди само Ник Шор.
Ситуацијата на табелата на Источната конференција остана непроменета со тоа што Сибир се наоѓа на шестото, а Амур на деветтото место.




