
Јубилејното седумдесетто издание на Сентри Турнирот на шампионите ја отвори новата 2022 година во професионалниот голф во машка конкуренција.
Станува збор за натпреварување, кое се одржува на вториот најголем хавајски остров, Мауи, на кое учествуваат сите голфери што освоиле најмалку по една титула во изминатата година.
На овогодинешното издание, победата ја однесе Камерон Смит, кој избори учество на турнирот, освојувајќи го ,,Цирих Класик оф Њу Орлеанс”.
Австралиецот триумфираше со рекорден учинок од (-34), откако во текот на четирите рунди, двапати освои по (-8) и по (-9) поени.
Второто место го освои првопласираниот на светската ранг-листа, Џон Рам, со (-33), а подиумот го комплетираше уште еден Австралиец, односно Метју Џонс (-32).
Најдобар Американец беше Патрик Кентли (-26) на четвртата позиција, а петтото место, со по (-25) бодови, го поделија неговите сонародници – Даниел Бергер, Колин Морикава и Џастин Томас.
Голферите од ПГА Тур ќе останат во Хаваи и наредниот викенд, борејќи се за титула на педесет и седмото издание на популарниот Сони Опен.




