
Актуелниот европски шампион во карлинг, Шведска, има шанса да ја одбрани титулата од 2019, откако се квалификуваше во седмото финале во низа на Европските првенства.
Во групната фаза, Скандинавците го освоија второто место, а од двата запишани порази, едниот беше нанесен од Италија (7-2).
Во првото полуфинале, Швеѓаните успеаја да им се одмаздат на Италијанците и да ги поразат со 6-3 во маратонска пресметка.
Во петтиот енд, Италија ги искористи и двата тајм-аути и замина на кратката пауза со реми од 2-2.
Во седмиот период, поразениот состав поведе со 3-2, но последните два ендови им припаднаа на Швеѓаните со по два освоени поени во самата завршница.
Шведска покажа одлична колективна игра во која, сите три отстранувачи, Никлас Един (94%), Оскар Ериксон (85%) и Расмус Врана (84%), имаа одлична ефикасност на ,,тејк-аут”, а Кристофер Сундгрен поставуваше гардови со успешност од 96%.
Во финалето, Шведска ќе се соочи со победникот од второто полуфинале помеѓу Шкотска и Норвешка.