По вторпат во низа, Авангард Омск го совлада АК Барс Казањ и поведе со вкупни 2-0 во полуфиналето.
На денешниот меч, Омск триумфираше со 0-2, благодарение на головите во втората и во третата третина.
Стрелци за победничкиот состав беа Кирил Готовец и Клим Костин.
Освен нив, значаен придонес имаше и голманот Симон Хрубец, кој со 29/29 одбранети шутеви дојде до четвртиот шут-аут во овосезонскиот плејоф.
📸 Twitter: ХК Ак Барс