Екипата на Свонси, иако имаше одлична сезона, денес го запиша четвртиот пораз во низа и ги загрози своите шанси за плејоф.
Имено, Велшаните, во четириесеттото коло од англискиот Чемпионшип, беа поразени со 0-1 од страна на Престон Норт Енд.
Единствениот погодок на мечот падна во првата минута од судиското продолжение, кога Мет Грајмс постигна автогол.
Веќе второ коло по ред, Свонси губи со гол после деведесеттата минута, но трагичната ситуација за навивачите е тоа што ,,Лебедите” немаат постигнато погодок на ниту една од последните четири пресметки.
Тренерот Стив Купер е свесен за импотентниот напад на своите фудбалери, па денес наместо со стандардната формација 3-5-2, настапи со 4-3-3, вметнувајќи го во нападот и Морган Витакер, како трет напаѓач после Џамал Лоу и Андре Ају.
На табелата, Престон скокна на шеснаесеттото место, освојувајќи значајни поени за опстанок, додека Свонси остана на четвртата позиција.
📸 Dan Mullan/Getty Images