
Шестиот овосезонски слалом од Светскиот куп во алпско скијање, исто како и претходните три, донесе непроценлива возбуда.
Имено, на ноќната трка во Шладминг (Австрија), до третата победа во кариерата дојде Германецот Линус Штрасер (1:46,00).
Норвежанецот Атле Ли МекГрат (+0,03), беше седми после првиот дел, но накрај дојде до втората позиција и со емоции го дочека третиот подиум во својата кариера.
Најголемата сензација на денот ја приреди домашниот скијач, Мануел Фелер (+0,39), напреднувајќи неверојатни дваесет и пет позиции во однос на првата серија.
Само три стотинки зад подиумот се пласираше Хенрик Кристоферсен (+0,42), а Алекс Винатцер (+0,43) заврши како петтопласиран.
Во првите десетмина се најдоа уште: Себастијан Фос-Солевааг (+0,45), Томазо Сала (+0,61), Александер Хорошилов (+0,62), Клеман Ноел (+0,63) и Танги Неф (+0,64).
Двајцата првопласирани после првото скијање, Џулијано Рацоли и Кристофер Јакобсен, направија грешки во вториот дел и останаа без пласман.




