Летачкиот автомобил – Aircar го доби својот сертификат за летање од страна на транспортната управа на Словачка. Сертификатот дојде по 70 часа тестирање на летови и повеќе од 200 полетувања и слетувања, соопшти компанијата.
Овој хибриден автомобил-авион што може да достигне брзина од 160 километри на час и да лета на висина од над 2,5 километри.. Поседува 1,6 литерски бензински мотор, а на возилото му се потребни две минути и петнаесет секунди за да се трансформира од обичен автомобил во авион.
Во јуни, летечкиот автомобил заврши 35-минутен лет меѓу меѓународните аеродроми во Нитра и Братислава, Словачка. Сега компанијата се надева дека наскоро ќе се пофали со летечки автомобил кој патува од Лондон до Париз. AirCar полетува и слетува како конвенционален авион и бара возачот да има пилотска дозвола.



