
Последниот велеслалом од Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција пред ЗОИ 2022, одржан во Кронплатц (Италија), заврши во корист на Сара Хектор.
Швеѓанката (2:03,63) дојде до втората последователна победа во оваа дисциплина, односно трета во сезоната и го презеде водството во трката за малиот кристален глобус.
Воедно, Хектор стана прва шведска скијачка со две победи во низа во втората најтехничка дисциплина после Ања Персон од 2004.
На втората позиција заврши водечката после првата серија, Петра Влхова (+0,15), додека подиумот го дополни Теса Ворли (+0,52).
Пиедесталот, за само седум стотинки, и’ побегна на Федерика Брињоне (+0,57), која заврши како четврта, пред Микаела Шифрин (+0,81).
Под една секунда заостануваа Теа Луизе Стјернесунд (+0,92) и актуелната шампионка во велеслаломската категорија – Марта Басино (+0,99).




