Еден од најголемите конкуренти за влез во Лиг 2 од Националната Лига е дефинитивно Рексам.
Сепак, велшките претставници не ја оправдуваат фаворитската улога против тимовите што би требало да се борат за опстанок.
Момците од ,,Рејскурс Граунд”, во претходното коло, загубија од Меиденхед со 0-1, а денес, со 4-3, беа поразени од Велдстон.
Од друга страна, Рексам игра одлично против провизорно поквалитетните тимови, против коишто има две победи што го држат во горниот дел на табелата по првите пет кола. Тие победи беа остварени против Борам Вуд (2-1) и против Јеовил Таун (0-1).



