Скот Кашкет е стрелец на првиот гол на Викомб Вондерерс во историската дебитантска сезона во втората англиска лига.
Англичанецот погоди вчера во деветтата минута во поразот од Милвол од 1-2, после грешката на противничкиот голман Бартош Бијалковски.
Сепак и покрај првиот погодок, Викомб сè уште е единствениот тим без освоени поени по првите пет кола, но е претпоследен поради одземените дванаесет поени на Шефилд Венздеј.



