Во последното коло од групата Б на првата дивизија на Националната харлинг лига, Килкени го доживеа првиот овосезонски пораз.
Имено, ,,Мачките” беа надиграни на ,,Касак Парк” во Енис од страна на домаќинот Клер со (4-20) 32-28 (1-25).
Во текот на целиот натпревар, Клер ја имаше предноста на своја страна, а резултатот на полувремето гласеше (2-9) 15-14 (0-14).
На стартот на вториот дел, домаќините со два гола за една минута го зголемија водството и ја одржуваа разликата до самиот крај.
Од гостинскиот состав, најефикасен со девет поени беше Ти Џеј Рид (0-9), а стрелец на погодокот беше Мартин Киган (1-0).
На спротивната страна, голгетери, а воедно и поентерски најрасположени беа Тони Кели (2-5), Дејвид (1-2) и Арон Шанагер (1-1).
И покрај поразот, Килкени остана на првата позиција на табелата, додека Клер скокна на третото место.
На овој начин, Килкени се пласираше во финалето, каде што ќе присуствува и првопласираниот од групата А: Типерери, Голвеј или Корк.
Сепак, наместо класично финале, ќе се чека директен дуел на двете екипи во Ол-Ајрленд Сениор Харлинг Чемпионшип, а доколку не дојде до тоа, тогаш титулата ќе биде поделена.