Репрезентациите на Швајцарија и Велс ремизираа 1:1 во рамки на првото коло од групната фаза на ЕП. Швајцарија доминираше против Велс, создаде повеќе прилики, но сепак мораше да се задоволи само со бод.
Швајцарија на стартот од вториот дел преку Емболо постигна гол со глава по асистенција од Шаќири за водство од 1-0. Велс израмни во 74. минута кога Мур постигна убав гол со глава за 1-1.