Во второто полуфинале на завршниот турнир од Лигата на Шампионите екипата на Барселона славеше против Нант на нашиот Кире Лазаров со 31-26.
Мем и Абељо беа најефикасни во победничкиот состав со по 5 гола, додека Ривера со 6 беше прв стрелец во Нант. Кире Лазаров оваа средба ја заврши со 2 погодоци.