
Вчера, односно во последното коло од групната фаза на Европското првенство во карлинг, Шкотска ја порази Норвешка со 8-3.
Британците, денес, го задржаа стопроцентниот учинок, откако во полуфиналето славеа над истите ривали со 9-3.
Шкотланѓаните покажаа потполна доминација во полуфиналниот дуел со тоа што убедливо ја држеа резултатската предност во свои раце, која изнесуваше убедливи 6-1 после четвртиот енд.
Капитенот на Шкотска, Брус Муат (91%), заедно со Грент Харди (96%) и Боби Леми (94%) приреди неверојатни перформанси со одличниот процент на успешни ,,тејк-аут” удари.
Норвежаните го предадоа мечот после осум ендови и во битката за третото место ќе се соочат со Италија.
Од друга страна, исто како и во женското финале, за титулата ќе се борат двете првопласирани екипи од групната фаза, односно Шведска и Шкотска.