
Македонската фудбалска репрезентација обезбеди пласман во баражот за претстојното Светско првенство во Катар наредната година.
Како второпласирана селекција во групата Ј, Македонија влезе во ждрепката, знаејќи дека ќе добие ривал-носител.
Имено, нашите фудбалери во полуфиналето ќе се соочат со европскиот шампион, Италија, а мечот е закажан за 24 март 2022.
Доколку успееме да ги поразиме Италијанците, во финалето на 29 март, ќе нè чека последната пречка, односно победникот од дуелот помеѓу Португалија и Турција.