Шампионот на Светскиот куп во нордиска комбинација од последните три сезони, Јарл Магнус Риибер, триумфално влезе во новото првенство.
Норвежанецот ја запиша својата 37. победа во кариерата, откако беше најдобар на првото натпреварување во Рука, Финска.
После првата серија, Риибер ја држеше првата позиција, која му овозможи да ја помине патеката од пет километри за време од 12:16,1 минути.
Второто место му припадна на Австриецот Јоханес Лампартер (+20,2), кој беше за две секунди побрз од третопласираниот Јенс Лураас Офтебро (+22,2).
Австриецот и вториот Норвежанец на подиумот двојно напреднаа во скијачкиот дел, односно од четвртото и од шестото стигнаа до второто и до третото место.
Пиедесталот, за нешто помалку од две секунди, му побегна на Марио Зајдл (+23,8), а како петти заврши Мануел Фаист (+32,1), кој имаше најдалечен скок од 143 метри.
Од останатите натпреварувачи, помалку од една минута заостануваа уште Лукас Грајдерер (+45,7), Јорген Граабак (+47,5) и Кристјан Илвес (+51,8).