
За првпат после дваесет години, норвешкиот ски-центар Квитфјел се врати во Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција со денешниот супервелеслалом.
На првата од двете планирани трки во оваа дисциплина на скандинавско тло, по четврт пат во кариерата победи Корнелија Хитер (1:26,83).
Австријката и’ го ,,украде” триумфот на второпласираната Италијанка, Елена Куртони (+0,01), за само една стотинка, а третото место го зазеде Лара Гут-Бехрами (+0,12).
Водечката во генералниот пласман, Микаела Шифрин (+0,16), ја освои четвртата позиција, а зад неа се пласираше Федерика Брињоне (+0,29).
Во продолжение, пласманот во топ 10 го комплетираа: Теса Ворли (+0,34), Франциска Гритч (+0,60), Мирјам Пухнер (+0,62), Корин Сутер (+0,80) и Штефани Венир (+0,80).