
Тринаесеттата станица од тековната сезона на Светскиот куп во крос-кантри беше шведскиот Фалун, каде што денес се одржаа трките во спринт.
Во женска конкуренција, до третиот триумф во сезоната стигна Кристине Ставаас Скистад (2:55,6), која во самиот финиш ја натскија Јона Сундлинг (+0,3).
Подиумот го комплетираше Маја Далквист (+4,9), а во големото финале се тркаа уште Надин Фендрих (+6,4), Јулие Мире (+10,9) и Матилде Мирволд (+13,8).
Кај мажите, 1-2 победа оствари Норвешка преку Јоханес Клебо (2:52,73) и преку Ерик Валнес (+0,73).
Најниското скалило на пиедесталот го зазеде Федерико Пелегрино (+1,18), а по него следуваа Лука Шанава (+1,90), Ришар Жув (+1,96) и дебитантот во Светскиот куп – Хаакон Асдоел (+2,90).