Синоќа, Јута Џез дојдоа до осмата победа во низа, откако им го нанесоа шестиот врзан пораз на Чикаго Булс, славејќи со резултат од 113-106.
На мечот, во текот на првото полувреме, Чикаго беше конкурентен тим, кој водеше во неколку наврати.
Сепак, во поголемиот дел на третата и на четвртата четвртина, Јута имаше двоцифрена предност, доволна за конечна победа.
Од домашниот состав, Руди Гобер имаше дабл-дабл учинок од 19 поени и од 13 скокови, а најефикасен, со 26 кошеви, беше Донован Митчел.
Од противничките редови, најпрецизни со 25 и со 23 поени беа Тадеус Јанг и Зек ЛаВин.
На табелата на Западот, Јута (37-11) го држи првото место, додека Чикаго (19-28) се наоѓа на десеттата позиција на Истокот.
📸 Alex Goodlett/Getty Images