
Во последните сто години, најголемите ривали во ирскиот фудбал, Бохемианс и Шамрок Роверс, одиграа седумдесет и пет меѓусебни лигашки пресметки.
Имено, последното дерби на Даблин беше одиграно во рамките на дванаесеттото коло од ирската Премиер дивизија, кога Шамрок славеше со 1-3.
Во првото полувреме, ,,Детелинките” поведоа со 0-2, откако мрежата на Џејмс Талбот ја затресоа Енди Лајонс (5′) и Макс Марфи (автогол, 35′).
Во вториот дел, номиналните домаќини намалија преку Џуниор Огеди-Узокве (68′), а само една минута подоцна, Даниел Мандриу (69′) го постави конечниот резултат.
На табелата, Шамрок Роверс останаа на второто место, додека Бохемианс ја заземаат шестата позиција.