Дербито на Јоркшир во кое Хадерсфилд го порази Барнсли со 2-1 го отвори четириесет и четвртото коло на англискиот Чемпионшип.
Имено, со овој триумф, ,,Териерите” го задржаа третото место, обезбедија сигурен плејоф и математички останаа во борба за директна промоција во Премиер лигата.
Од друга страна, Барнсли се наоѓа на последното место на табелата и официјално отпадна во Лиг 1.
Домаќините ја завршија целата работа уште во првиот дел, кога мрежата на Џек Волтон беше затресена двапати.
Првиот гол го постигна Џордан Роудс во четвртата минута, а предноста ја удвои Хари Тофоло (45+1′) во продолжението на првото полувреме.
До крајот, Барнсли постигна почесен погодок преку Калум Стајлс (90+7′) во последните мигови од натпреварот.