
Иако го започнаа походот кон одбрана на титулата на очаен начин, без победа во првите шест кола, Шамрок Роверс успеаја поврзат два триумфи.
Имено, во осмата рунда од ирската Премиер дивизија, ,,Зелено-белите” ги совладаа градските ривали, Бохемианс, со 0-2.
На мечот, номиналните гости беа за нијанса подобри, а славеа со головите на Нил Фаруџа (44′) во првото и на Рори Гафни (66′) во второто полувреме.
Неочекуваниот пораз на Дери Сити од Дрогеда Јунајтед (0-1) ги остави Бохемианс на врвот на табелата, додека Шамрок скокна на петтата позиција.