
Во четвртата рунда од тековната АФЛ сезона, Вестерн Булдогс ги поразија Ричмонд Тигерс со (12.12) 84-89 (12.17).
Номиналните гости ја добија првата четвртина со 39-16, но на големиот одмор, ,,Тигрите” имаа +14, благодарение на серијата од 45-2 во вториот квартал.
Сепак, во второто полувреме, победниците примија само седумнаесет поени и после ,,пеколен” финиш дојдоа до вториот овосезонски триумф.
Од поразениот состав, најефикасен фудбалер беше Шеј Болтон (3.1), а уште два гола додаде Том Линч (2.0).
На спротивната страна, двоцифрен поентерски учинок имаа Арон Нотон (3.0), Том Либераторе (2.1) и Тим Инглиш (2.0).
На табелата, Булдогс скокнаа на десеттото место, спуштајќи го Ричмонд на единаесеттата позиција.




