
Лошата форма на Стивениџ од четири меча без триумф му ги отвори вратите на Карлајл Јунајтед за директна промоција во Лиг 1.
Со победата од 2-0 над Транмер Роверс во четириесеттото коло, претставниците на Камбрија избија на третото место на табелата.
Двоен јунак за победничкиот состав беше Кристијан Денис (3′, 39′), кој дојде до бројка од деветнаесет овосезонски погодоци.
Од друга страна, Транмер го зазема четиринаесеттото место со речиси обезбеден четвртолигашки статус за наредната сезона.