Во дербито на колото во Прва ЖФЛ во рамките на шестото коло екипите на ЖФК Тиверија и актуелниот шампион ЖФК Каменица Саса од Македонска Каменица на градскиот стадион во Струмица одиграа супер интересен и возбудлив првенствен меч во кој што гостинската екипа за прв пат го вкуси поразот.
Домашниот состав на Тиверијанките имаа одлична реализација и со три постигнати гола дојдоа до нови три бода. Најзаслужни за триумфот се трите стрелци Димоска, Велкова и Николовска кои што по еднаш ја погодија мрежата на каменичанки.
Извор:
TV Kanal VIS