Во првото коло од Премиер лигата се соочија актуелниот англиски шампион и актуелниот шампион на Чемпионшип – Ливерпул и Лидс.
Лидс остави неверојатно добар впечаток, иако загуби со 4-3. Ливерпул трипати водеше, а Лидс трипати израмнуваше пред Салах да го постави конечниот резултат од пенал во 88. минута.
Еѓипќанецот забележа хет-трик преку два пенали и еден гол од игра, а еден гол за Ливерпул постигна и Ван Дајк.
Головите за Лидс ги постигнаа Херисон, Бемфорд и Клих, а македонскиот интернационалец, Езѓан Алиоски, не доби минутажа.



