Големото хрватско дерби помеѓу Хајдук Слит и Динамо Загреб заврши со гостинска победа од 1:2 на стадионот ,,Пољуд” каде што во победничкиот табор головите ги постигнаа Орсиќ и Кастриоти, а капитен и лидер на тимот беше Аријан Адеми.
Во поразениот тим свое деби имаше супер талентот Јани Атанасов кој настапи од 86 минута, а две минути подоцна во 88 минута од корнер убаво му асистираше на Јуриќ за почесен гол на Хајдук и краен резултат од 1:2.
На врвот на табелата се наоѓа Динамо Загреб со максимални 12 бода од четири одиграни кола, додека Хајдук е на четврто место со освоени седум бода. Двајцата македонски репрезентативци Атанасов и Адеми до крајот на првенството ќе водат битка за врвот на табелата.



