
Актуелната шампионка на Ролан Гарос, дваесетгодишната Ига Швјонтек, за првпат во својата кариера избори пласман во полуфиналето на Австралијан Опен.
Полската тенисерка дојде до својот втор пласман меѓу топ 4 на еден грен-слем, откако со пресврт ја порази Естонката Каја Канепи после три часа игра.
Првиот сет гласеше 6-4 во корист на Канепи, која освои еден брејк и го одбрани истиот за почетна вкупна предност.
Во втората партија, двете тенисерки освоија по два гема на противнички сервис, а во тај-брејкот, Швјонтек беше подобра со 7-2.
Одлучувачкиот сет донесе огромна драма во ,,Род Лејвер Арена”, после кој, тенисерката од Полска триумфираше со 6-3, откако беа освоени вкупно шест брејкови.
Во полуфиналето, Швјонтек ќе се соочи со Американката Даниел Роус Колинс, која ја совлада Ализе Корне со 2-0.




