По третпат во кариерата, Стефанос Циципас успеа да избори пласман во полуфиналето на Австралијан Опен.
Денес, Гркот дојде до ова достигнување, откако го совлада младиот Италијанец, Јаник Синер, со убедливи 3-0 после неполни два часа игра.
Циципас, неочекувано лесно го доби четвртиот дуел во кариерата против истиот ривал со резултат по сетови од 6-3, од 6-4 и од 6-2.
Синер беше надигран на теренот особено при сервис на противникот, а Циципас освои вкупно 4/4 брејк-топки за да дојде до конечниот триумф.
Во полуфиналето, Гркот ќе го чека победникот од дуелот помеѓу Феликс Ожер-Алијасим и Данил Медведев.