
Во рамките на синоќешната НХЛ програма, Отава Сенаторс ги поразија Бафало Сабрес со убедливи 5-0.
За претставниците на главниот град на Канада, ова беше прва меѓусебна победа на домашен терен после речиси две години (19 февруари 2020).
Сенаторс ги решија сите сомнежи уште во првата третина, после која водеа со 3-0, а во наредните два периоди додадоа уште по еден погодок.
Хет-трик за победничкиот состав забележа Тајлер Енис, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Дрејк Батерсон и Алекс Форментон.
Голманот на Сенаторс, Мет Мареј, ги одбрани сите 32 противнички удари и го освои првиот шут-аут во тековната сезона.
Распоредот во Источната конференција остана непроменет, односно Отава го зазема петнаесеттото, а Бафало – четиринаесеттото место.




