
Актуелните шампиони, Мелбурн Сити, со победа ја отворија новата сезона на австралиската фудбалска А-Лига.
Имено, филијалата на англискиот Манчестер Сити, на домашниот ,,ААМИ Парк”, беше подобра од Бризбејн Роур со 2-1.
Победниците напаѓаа во текот на цело прво полувреме, а стекнаа експресна предност во неговата завршница во интервал од три минути.
Првиот гол во сезоната го постигна најдобриот играч на натпреварот, Куртис Гуд (40′), а на 2-0 зголеми Конор Меткалф (43′).
Во вториот дел, гостите покажаа повеќе амбиции и намалија со првиот гол на Лук Ивановиќ (71′) во дебитантскиот настап за Бризбејн.
До крајот, претставниците на Квинсленд уште еднаш ја затресоа мрежата на Том Гловер, но за среќа на навивачите на Мелбурн Сити, неговиот гол беше поништен поради минимален офсајд.
Досега, ова беше прв натпревар од сезоната, а првото коло ќе продолжи во текот на викендот со уште пет други пресметки.



