
После одличниот старт од седум врзани победи, Салават Јулаев Уфа го запиша и првиот пораз во новата КХЛ сезона.
,,Зелените” беа надиграни од страна на Северстаљ Череповец со 2-1 што претставува прв меѓусебен пораз после 28 септември 2019.
Во завршните минути од втората третина, Естонецот Роберт Рооба, со вториот гол во КХЛ, донесе почетно водство од 1-0 за домашниот состав.
Во седумнаесеттата минута од третиот период, најефикасниот Финец во историјата на ова првенство, Теему Хартикаинен, стрелаше за Уфа, односно за израмнување на 1-1 во пауер-плеј ситуација.
Сепак, домаќините ја освоија третата овосезонска победа со погодокот на Владислав Кодола на неполни две минути пред крајот на мечот.
На голот на победничкиот тим стоеше 21-годишниот Константин Шостак, кој одбрани 33/34 противнички удари (97,06%).
Со новите два поени, Северстаљ скокна на претпоследната позиција на Истокот, додека Салават останува на врвот на Западот и покрај првата загубена средба.