Ни врнежливото време,а ни протоколите со пандемијата и забраните за влез на повекето од странските учесници не успеа да ни го смени тоа што го замисливме.
Растрчани на сите страни од најмало до најголемо триатлон клубот 3Disciplines учествуваше во организација и спремањето на најголемиот за нас евент
Отворено првенство во Триатлон
Дрим Триатлон Струга-Авто камп Ас што се одржа на 19.09.2021
Без никаква поддршка од Општината,за чија промоција се бориме сите спортски здруженија на свој начин,овој натпревар го доби својот веке предпознатлив изглед,кој ке го негуваме како традиционален ,секоја година во што подобро и подобро светло. Но се надеваме до година ке наидеме на вистинск поддршка од финансиски аспект пред се.
Нашиот клуб од 39 пријавени учесници ,на денот на трката поради лошото време,сезонски вируси и ред други работи,настапи со 31 член. Поради ковид пандемијата од граница ни ги вратија бугарските спортисти,србските спортисти ни одкажаа присуство исто кало и црногорците.
Наградени од нашиот клуб беа

Категорија деца 1
Јован Кутаноски 🥈
Виктор Опетчески 🥉
Софија Кутаноска 🥈
Стефанија Кутаноска 🥉

Категорија деца 2
Тија Кукунешоска 🥈
Категорија кадети
Олса Орани 🥇
Мастерс
Миле Јованоски🥇
Дејан Кутаноски 🥈

Категорија јуниори
Димитар Јованоски🥇
кој е воедно и апсолутен победник на трката🏆
Благодарност до Триатлон Федерација на Македонија за техничката поддршка и друга помош за да едно вакво натпреварување по пауза од 5 години повторно да го вратиме во градот расадник на спортисти,Струга.
Огромна благодарност до членовите на советот на родители при нашиот клуб,управниот одбор и останатите родители на нашите деца за несебичноста во помагањето околу натпреварот.
Нормално воопшто немаше да успееме да го направиме и тоа колку толку што го имавме во ова кам-бек на триатлон првенство во Струга,без и таа мала но важна помош за нашиот клуб од нашите помагатели:
Јп Комунално Струга- Ичмет Ислами
Медиа Маркет Струга- Љупчо Тотоски
Трим и лум
Маркет Гега
Мадако
Термо милениум
Маркет Миса
Овоштара Лога
Кафе бар 9 ка Мислешо
Арена
Балко маркети
Книжарница Росанда
Кафе бар Кингстон
Златна Капка
Дисконт Дади
Барабар мезе бар
Беслинди
Моби Роби.

Струга може,Струга има има таленти не само за екипните спортови,туку посебно за триатлонот,но сето ова што го правиме е постигнато со минимални услови за тренирање во областа на пливањето,велосипедизмот и атлетиката.
Се гледаме до година со подобр аорганизација,без протоколи и други ограничувања.

Никола Кутаноски тренерот во клубот 3Дисциплинес не настапи поради тоа што беше задолжен за организација на настанот.



