Во рамките на втората рунда на Аустралиан Опен 2021, домашниот тенисер, Ник Кирјос, ги одмери силите со 34. светски рекет – Иго Умбер.
Натпреварот траеше три и пол часа и заврши после пет одиграни сетови. Кирјос успеа да триумфира со 3-2, односно по сетови 5-7, 6-4, 3-6, 7-6 (2) и 6-4.
Двајцата конкуренти пружија неверојатна борба, а особено го покажаа својот квалитетен сервис, кој резултираше со висок број на асови: 30 за Кирјос и 27 за Умбер.
Во првите три сетови, беа освоени само три брејкови, односно тенисерот со брејк-предност накрај ја освојуваше тековната партија.
Во четвртиот сет, уште на стартот, Умбер освои гем на сервис на Кирјос и сервираше за победа при резултат од 5-4. Французинот не само што го загуби гемот, туку не успеа да искористи и две меч-топки, па на тој начин потполно го врати Кирјос во игра, кој после тај-брејк израмни на 2-2.
Понесен од стоечките овации на публиката и од психолошкиот ,,распад” на Умбер, Кирјос рутински го освои петтиот сет за конечна посакувана победа.
Во третата рунда, Австралиецот ќе се соочи со победникот на УС Опен, Доминик Тим, кој денес го елиминираше Доминик Кепфер со 3-0.
📸 bbc.com
Хајлајтс: https://ausopen.com/match/2021-nick-kyrgios-vs-ugo-humbert-ms210#!media?g=video-6230775320001