Моментално 72. тенисерка на ВТА ранг-листата, Ајла Томљановиќ, во втората рунда на АО 2021 ја намачи втората носителка – Симона Халеп.
Имено, Халеп триумфираше со конечни 2-1 или по сетови 4-6, 6-4 и 7-5.
Во првиот сет беа направени вкупно пет брејкови, од кои три беа во корист на австралиската тенисерка што беше клучно за почетното водство од 0-1.
Ситуацијата беше иста и во вториот сет,но овој пат во полза на Халеп, која израмни на 1-1.
Во последната партија, после низа од четири брејкови, по два на двете страни, Томљановиќ поведе со 5-4 и сервираше за победа, но Халеп, со своето искуство, успеа да се консолидира и со огромен пресврт во финишот да дојде до пласман во третата рунда.
Во 1/16-финалето, Романката ќе ги одмери силите со Русинката Вероника Кудерметова, која денес ја порази Варвара Грачева со 2-1.
📸 Getty Images



