среда, септември 27, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

(ВИДЕО) Сензација во ,,режија” на Грин Беј Пекерс: Прв пораз за Аризона

Епов Насе ✏️ Епов Насе
октомври 29, 2021
📁 Останато, Спорт
📸 Christian Petersen/Getty Images

Спектакуларната увертира на осмото коло го донесе првиот овосезонски пораз на Аризона Кардиналс, кои на домашен терен загубија од Грин Беј Пекерс со 21-24.

Кардиналс влегоа во мечот како апсолутни фаворити, поради фактот дека Грин Беј во своите редови немаше ниеден од првите тројца рисивери (Деванте Адамс, Маркез Валдес-Скентлинг и Ален Лазард), како и уште неколку важни играчи на други позиции.

Токму во овој сегмент се криеше и тајната на Пекерс, кои имаа дури седум различни играчи што фатиле најмалку по еден пас.

Од нив, два тачдауни забележа Рендел Коб, а Арон Џонс освои 51 јард. Џонс одлично ја одигра и улогата на својата природна позиција, ранинг бек, со дополнителни 59 јарди и со еден тачдаун.

Како квотербек, Роџерс освои 184 јарди од 22/37 обиди за додавање и направи два тачдауни, а останатите поени ги постигна шутерот Мејсон Кросби.

Две поентирања, заедно со завршната победоносна акција, беа дело на специјалниот тим, односно на одбраната, кои вратија посед на еден пант, односно пресекоа две противнички додавања преку Хенри Блек и Расал Даглас.

Вината за пресечените додавања, статистички ќе ја сноси квотербекот на Аризона, Кајлер Мареј, кој инаку освои 274 јарди од 22/33 прецизни обиди.

Неговите пасови не беа крунисани со тачдаун, па топката во противничката енд-зона беше трипати внесена со трчањата на Чејс Едмондс и на Џејмс Конер (х2).

Патем, денешната победа на Пекерс беше прва над Аризона на гостински терен, после 3 јануари 2010, која е воедно нивна шеста во низа во тековната сезона.

На табелата на Националната конференција и двете екипи го делат првото место со учинок од 7-1.

Во соработка со НФЛ Македонија

Tags: Американски фудбалАризонаГрин Беј ПекерсНФЛ
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Фантастичниот Маркстром ги ,,спушти ролетните” пред својот гол

Следна вест

Еурофарм Пелистер лесно во Автокоманда

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Ристовска и ЦСКА со втора победа
Ракомет

ЦСКА и нашата Сара редат победи

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
27/Сеп/2023
Дувњак: Во Битола не очекува “пеколна” атмосфера
Ракомет

Дувњак: Во Битола не очекува “пеколна” атмосфера

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
27/Сеп/2023
Борзаш: Кил се светска екипа, но ќе се бориме до крајот
Ракомет

Борзаш: Кил се светска екипа, но ќе се бориме до крајот

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
27/Сеп/2023
ВО ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Алкалоид
Ракомет

Кузманоски: Сите знаеме кој е Кил! Ние ќе дадеме максимум

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
26/Сеп/2023
Следна вест
Еурофарм Пелистер лесно во Автокоманда

Еурофарм Пелистер лесно во Автокоманда

Последно

ЦСКА и нашата Сара редат победи

Дувњак: Во Битола не очекува “пеколна” атмосфера

Борзаш: Кил се светска екипа, но ќе се бориме до крајот

Кузманоски: Сите знаеме кој е Кил! Ние ќе дадеме максимум

Мартин Јовановски го освои Суперкупот на Кипар

Николов и Начевски ќе судат на ЕП 2024

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.